ОТКАКО ВОЗОТ ЗА БИТОЛА СТИГНА САМО ДО ПРИЛЕП Нов директор од Алтернатива ќе управува со македонските железници

Досегашен директор на железниците беше Аднан Азизи, генералниот секретар на Беса, кој беше поставен на оваа позиција во ноември минатата година.

1,674

Мубекир Палоши од партијата Алтернатива од денеска ќе биде новиот в.д. директор на Железници на РСМ-Транспорт. СДСМ и ДУИ го исполнија барањето на нивниот коалиционен партнер, а ова е само првото барање од списокот за раководни позиции кој им го доставил претседателот Африм Гаши.

Досегашен директор на железниците беше Аднан Азизи, генералниот секретар на Беса, кој беше поставен на оваа позиција во ноември минатата година.






Дел од барањата на Алтернатива и Гаши за министри и заменици-министри ќе треба прво да почекаат Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ, да го добие мандатот и да состави нова Влада.

Но, директорските функции кои ќе ги добие Алтернатива може да се менуваат непречено. Така, покрај Палоши, Орхан Муртезани треба да биде директор на МЕПСО, Амир Елези да ја води Клиничката болница во Тетово, а Дритан Беџети треба да биде прв човек на ПИОМ.

Од другите имиња објавени се и Блерим Абази како нов директор на Управа за водење на матични книги и Беким Емини како директор на Агенција за странски инвестиции. Списокот со раководни позиции што ќе биде прифатен од Алтернатива е поголем, но носителите не се потврдени во јавноста.

Поврзани содржини