ОТКАКО УДРИ УЧЕНИК СО БОКСИРАЧ Насилниот професор од Струга заработи осумдневен притвор

Физичкиот напад, како што е наведено, следувал по кратка вербална расправија на осомничениот професор со мајката на оштетениот ученик.

548

Мерка притвор од осум дена заработи 57-годишниот професор од Струга, кој со метален боксирач вчера истепал ученик во гимназијата „Ибраим Темо“, соопшти Основниот суд Струга, откако го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство.

Основното јавно обвинителство – Струга соопшти дека повело постапка против 57-годишен професор од Струга, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело „насилство“. Осомничениот, како што соопшти Обвинителството, вчера околу 12 часот и 30 минути, со боксирач удрил во пределот на главата на оштетениот ученик на возраст од 18 години.






Физичкиот напад, како што е наведено, следувал по кратка вербална расправија на осомничениот професор со мајката на оштетениот ученик.

„Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена“, се вели во соопштението на ОЈО.

Средношколците од „Ибраим Темо“ денеска ја бојкотираа наставата и протестираа пред Основниот суд во Струга, со барање за притвор за професорот.

Поврзани содржини