Откако Трамп одби да носи заштитна маска, Меланија му се спротивстави со ова видео

5,569

Меланија Трамп се вклучи во борбата против коронавирусот. Првата дама на Соединетите Американски Држави сними видео во кое го промовираше носењето на заштитни маски, а потоа ја објави и својата насловна фотографија со маска.

– Додека Центрите за контрола и спречување на болести продолжуваат да го проучуваат ширењето на ковид-19, властите препорачуваат да носите заштитни маски на јавни места, на кои е тешко да се одржат мерките за социјално дистанцирање, како продавниците со прехранбени производи и аптеките – порачала Меланија.






– Запомнете, тоа не го заменува социјалното дистанцирање. Тоа е само уште една мерка за да бидеме безбедни – истакнала таа во видеото, гледајќи директно во камерата.

Таа не стави маска на видеото, но два часа подоцна објави фотографија на која ја носи.

Во видеото не ставила маска, но два часа подоцна објавила фотографија на која ја носи.

Нејзиното видео е прегледено 100.000 пати за еден час.

Сепак, крајната препорака на американските експерти е дека маските не одмагаат, бидејќи многу заразени лица со коронавирусот немаат никакви симптоми. Покрај тоа, кога се носат, луѓето ги допираат носот и устата во помала мерка.

Трамп ги советуваше Американците да носат марами и шалови на нивните лица додека одат на јавни места.

Иако тој самиот има фобија од микроби, тој истакна дека нема да носи маска.

– Не сакам да ја носам. Тоа е само препорака – рече тој.

 

Поврзани содржини