Откако се шегуваше за мерките, Гобер „закачи“ корона, НБА е прекината (ВИДЕО)
Натпреварот Оклахома – Јута предвиден да се игра ноќеска беше одложен во последен момент по веста за Гобер. Французинот не беше присутен во арената.
НБА лигата и официјално ја прекина сезоната 2019/20, откако играчот на Јута, Руди Гобер беше позитивен на коронавирусот.
Натпреварот Оклахома – Јута предвиден да се игра ноќеска беше одложен во последен момент по веста за Гобер. Французинот не беше присутен во арената.
Вистинска иронија е што судбината сакаше Гобер да биде првиот кој ќе го „закачи“ вирусот меѓу НБА играчите, затоа што тој во понеделникот им се потсмеваше на мерките за претпазливост на неговиот клуб на прес-конференцијата.
Нешто подоцна раководството на најсилната светска кошаркарска лига реши да ја стави сезоната во мирување.
На средбите одиграни ноќеска постигнати се следниве резултати:
Филаделфија – Детроит 124:106
Атланта – Њујорк 131:136 (по продолжение)
Мајами – Шарлот 98:109
Далас – Денвер 113:97.