📽️ ОТКАКО ПРИЗНА ДЕКА ШМРКАЛ КОКАИН НА ДАСКА…. Кенеди „се подмлади“ во теретана и во ледена бања

Роберт Ф. Кенеди Џуниор, внук на легендарниот претседател Џон Ф. Кенеди и актуелен шеф на здравството на САД, се појави во теретана во своите шеесетти години. Рамо до рамо со рок-ѕвездата Кид Рок, испрати порака за активен живот и за „вистинска храна“.

423

„Ги здружив силите со Кид Рок за да им пренесам две едноставни пораки на американскиот народ: БИДЕТЕ АКТИВНИ + ЈАДЕТЕ ВИСТИНСКА ХРАНА“, напишал Кенеди на својот профил споделувајќи ја снимакта.

Освен на фитнес-машини, Кенеди и Рок пливаат во базен. Кенеди влегува и во ледена бања. На крајот пијат чаша полномасно млеко.

Кид Рок е американски музичар кој стекна слава кон крајот на 1990-тите. Тој е познат по мешавина од рок, рап, кантри и јужен рок. Последниве години јавно ги поддржува политиките на претседателот на САД Доналд Трамп и на десничарската Републиканска партија. Често учествува и во политички кампањи.

Кенеди неодамна признал дека во минатото шмркал кокаин од тоалетна школка. Во декември направил и склекови на аеродром, потег кој предизвикал реакции на социјалните мрежи.

Видеото доаѓа во период кога здравствените политики повторно стануваат тема на јавна дебата во САД.

Поврзани содржини