Откако потфрлија авионите, Градот ќе ги „напаѓа“ комарците од земја
Прскањето од земја против комарци според соопштението на Град Скопје ќе се врши во периодот од 9 до 3 часот, наредниот ден.
Град Скопје изврши авионско прскање против комарци, но исто така најавија дека од денес до петок ќе вршат и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.
Прскањето од земја против комарци според соопштението на Град Скопје ќе се врши во периодот од 9 до 3 часот, наредниот ден.
И за прскањето од земја против комарцви како и за прскањето од авион важи истот то правило, односно доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.