Откако Нина Бадриќ остана без работа поради коронавирусот, доби необична понуда

3,227

Хрватската поп-пејачката Нина Бадриќ им се обрати преку социјалните мрежи на властите на Хрватска да им овозможат на музичарите да работат. Бадриќ наведе дека веќе половина година таа и нејзините колеги не можат да ја вршат својата работа поради коронавирусот.

– Ова не е хоби, ова не е шега. Од оваа работа зависи егзистенцијата на многумина кои останаа гладни и едвај врзуваат крај со крај. Го замолувам Министерството да се огласи по прашањето на нас музичарите и да ни овозможи, како било, се разбира почитувајќи ги заштитните мерки бидејќи здравјето е најважно, повторно да почнеме да работиме, замоли Бадриќ.






Обраќањето на Бадриќ привлече големо внимание, па на Фејсбук една жена ѝ понуди работа.

– Еве, за неколку дена ќе го вадиме компирот, триесет хектари, во околината на Бјеловар, и потребни ни се аргати, плаќаме 300 куни (околу 2.500 денари) од ден. Ве молам да ја известите личноста ако сака да работи. Може да ги земе со себе и Северина, Маја Шупут, Марко Грубниќ и сите оние што земаа помош од 4.000 куни. Само, да ѝ порачате да не ни дојде во дизајнерскиот фустан од 14.000 куни (115.000 ден.), со кој се пофали пред неколку месеци, бидејќи врнеше деновиве и мошне е калливо – порачала жената.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини