Откако го спаси еврото, Марио Драги ќе ја спасува Италија

Претседателот го прими Марио Драги утрово и му даде мандат да формира влада. Драги го прифати со резерва - рече генералниот секретар на кабинетот на претседателот.

600

Италијанскиот претседател Серхио Матарела денес му даде мандат на поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги за формирање влада, кој го прифати „со резерва“ пред обидот да добие парламентарно мнозинство.

– Претседателот го прими Марио Драги утрово и му даде мандат да формира влада. Драги го прифати со резерва – рече генералниот секретар на кабинетот на претседателот.






Терминот „со резерва“ се користи во Италија во фаза кога е потребно парламентарно мнозинство.

Драги сега ќе одржи консултации со политичките партии за да добие поддршка од парламентот за формирање влада.

Новата влада се соочува со предизвици поврзани со борбата против коронавирусот и економската криза.

Поврзани содржини