ОТКАКО БЕШЕ УБИЕН СНИМАТЕЛ Загина 24 годишна украинска новинарка на „Фокс њуз“

Во вчерашниот напад во близина на Киев, изгубивме убава, храбра жена, Олександра Кавшинова – Саша. Таа сакаше музика и беше духовита и добра, напиша продуцентката.

573

Новинарката Олександра Кавшинова е убиена за време на вооружениот конфликт во Украина.

Во нападот во кој беше ранет новинарот на „Фокс њуз“ Бенџамин Хол, а убиен е и снимателот Пјер Жакржевски, загина и украинската новинарка Олександра Кавшинова, која имаше само 24 години.






– Во вчерашниот напад во близина на Киев, изгубивме убава, храбра жена, Олександра Кавшинова – Саша. Таа сакаше музика и беше духовита и добра. Имаше 24 години. Работеше со нашиот тим изминатиот месец и направи феноменална работа – напиша на Твитер, продуцентката на „Фокс њуз“.

 

Да потсетиме, војната во Украина беснее од 24 февруари, кога руските сили влегоа во оваа земја по наредба на Владимир Путин. Оттогаш имаше неколку неуспешни рунди на мировни преговори, а УНХЦР објави дека повеќе од два милиони луѓе ја напуштиле Украина бегајќи од војната.

Претходно американската телевизија „Фокс њуз“ објави дека камерманот на таа мрежа Пјер Жакржевски загинал во Украина, откако возилото со кое патувал било погодено во вкрстен оган.

Жакржевски вчера бил во тим со новинарот на „Фокс њуз“, Бенџамин Хол, кога биле нападнати во близина на украинскиот главен град Киев. Хол е ранет и ќе остане во болница.

– Пјер беше фотограф во воената зона, кој ја покриваше речиси секоја меѓународна приказна на „Фокс њуз“, од Ирак, преку Авганистан до Сирија, за време на неговата долга работа со нас. Неговата страст и талент како репортер беа неспоредливи – изјави извршната директорка на „Фокс њуз“, Сузан Скот.

Поврзани содржини