Откако ја осудија на 10 години, „зомби Анџелина Џоли“ е пуштена од затвор

457

Иранската Анџелина Џоли, Сахар Табар (19), пуштена е од затвор по „големиот притисок на медиумите“.

Веста ја објави иранската новинарка и активистка за човекови права Масих Алинеад.






„Денеска иранска тинејџерка која објави екстремно обработени фотографии од своето лице и затоа беше осудена на 10 години затвор е ослободена по големиот притисок од медиумите“, напиша Алинеад на Твитер.

Табар, чие вистинско име е Фатемех Кишванд, беше уапсена лани за своите активности на социјалните мрежи. Таа е обвинета за „морална корупција на младите“ и непочитување на Исламската Република.

Странските медиуми поради фотографиите ја нарекоа „зомби Анџелина Џоли“, односно „иранската Анџелина Џоли“, а во еден момент на Инстаграм ја следеа речиси половина милион луѓе.

– Секоја нова фотографија ја уредувам сè повеќе и повеќе за да биде што е можно посмешна. Тоа е форма на изразување, облик на уметност. Моите обожаватели знаат дека тоа не е моето вистинско лице – изјави тинејџерката од 2017 година.

Иранската државна телевизија го објави нејзиното покајание кон крајот на октомври минатата година, а снимките предизвикаа големо сочувство во јавноста. Нејзините адвокати до судот доставија и медицински наоди, кои покажуваат дека Сахар исто така страдала и од психички болести и дека последните десет години посетувала психијатриски институции.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини