Откако ја доби судската битка, Митревски најави враќање на чело на ССМ

Поранешниот претседател очекува Централниот регистар да го впише како легитимен претседател на ССМ.

638

Поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски, денеска на прес-конференција соопшти дека Вишиот управен суд ја уважил неговата жалба, по што тој очекува Централниот регистар да го впише како легитимен претседател на ССМ.

– Се покажа дека правдата во Република Македонија функционира – рече Митревски на прес-конференцијата, најавувајќи дека откако ќе ја презеде функцијата ќе соработува со сите синдикати.






Тој во 2017 година беше заменет од актуелниот претседател на ССМ Дарко Димовски.

Поврзани содржини