Отишол да уплати тикет во обложувалница, наместо да седи во изолација
Нападнати две девојки, едната во Ѓорче, другата во Аеродром
НАМЕСТО ВО ИЗОЛАЦИЈА БИЛ ДА УПЛАТИ ТИКЕТ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Ѓ.П. (19) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 01.12.2020, откако му било одредена изолација во домашни услови, Ѓ.П. во спортска обложувалница во Неготино извршил уплата со физичко присуство.
ШЕТАЛ НИЗ ГРАД НАМЕСТО ДОМА – СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С.(39) од с.Крупиште, штипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 12.11.2020, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал решение за изолација.
ЗАПАЛЕНА НИВА ВО СКОПСКО – На 31.12.2020 во 02.00 часот, полициски службеник од Полициско одделение Петровец пријавил дека на ул„1“ во с.Ржаничино, скопско, настанал пожар во нива со бали сено и слама, сопственост на М.З.(78) од с.Ржаничино. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
TЕПАЧКА ВО КИСЕЛА ВОДА – На 31.12.2020 во 00.30 часот било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Л.Д.(46) и И.С.(21), двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од ЗППЈРМ.
СЕ ЗАПАЛИ ТАКСИ – На 30.12.2020 во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Кирил и Методиј“ настанал пожар во движење на патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.С.(34) од с.Марино, скопско. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
ГО НАПАДНЕЛЕ НЕКОЛКУ ЛИЦА – На 30.12.2020 во 19.50 часот, Б.К.(27) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.
МУ НАШЛЕ ХЕРОИН – ОВР Свети Николе поднесе кривична пријавa против С.А.(43) с.Преод, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 04.05.2020 полициски службеници извршиле преглед во домот на пријавениот во с.Преод, при што пронашле и одзеле хероин и предмети со траги од хероин.
ОГРАБЕНА АПТЕКА ВО СКОПЈЕ – На 30.12.2020 во 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ едно лице со закана од вработената одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ГО ФАТИЛЕ СО ХЕРОИН – ОВР Свети Николе поднесе кривична пријавa против И.С.(42) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и против Д.Т.(25), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 18.08.2020, И.С. му продал хероин на Д.Т., а истиот ден полициски службеници извршиле претрес во домот на Д.Т., каде бил затекнат А.Ј., при што кај нив бил пронајден хероинот.
ДВЕ МОМЧИЊА СЕ СТЕПАЛЕ НА БИТ-ПАЗАР – На 30.12.2020 во 16.20 часот, Р.С.(25) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.Н.(24) од Скопје. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од ЗППЈРМ.
МЛАДА ДЕВОЈКА НАПАДНАТА ВО АЕРОДРОМ – На 30.12.2020 во 18.24 часот, В.Б.(19) од Прилеп пријавила дека на подрачјето на Аеродром била физички нападната од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
МУ НАШЛЕ ПИШТОЛ ВО АВТОМОБИЛОТ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево поднесе кривична пријава против А.И.(31) од с.Норово, крушевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 31.07.2020, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „бмв“, управувано од А.И., при што бил пронајден и одземен сигнален пиштол „EKOL MAJOR“ калибар 9мм., за кој не поседувал соодветна документација.
ИСЧЕЗНАЛО ЛИЦЕ ОД СКОПЈЕ – На 30.12.2020 во 19.00 часот во Полициската станица Чаир, А.А.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син А.А.(31) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
ДЕВОЈКА НАПАДНАТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – На 30.12.2020 во 14.00 часот, К.П.(24) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од М.П.(29) од Скопје. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од ЗППЈРМ.
ПРАВЕЛЕ СВАДБА И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Д.(30) од с.Неготино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.11.2020 во 14.20 часот полициски службеници од ПО Галате извршиле контрола во угостителски објект на пријавениот и констатирале дека се одржува семејна веселба – свадба, каде биле затекнати повеќе лица, со што не биле почитувани мерките за заштита од ковид-19.
ПРИВЕДЕН ГАЗДА НА КАФАНА – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.И.(38) од с. Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 13.11.2020 во 22.45 часот, полициски службеници од ПО Галате извршиле контрола во угостителски објект на пријавениот и констатирале дека работи по дозволеното работно време.
ПРИВЕДЕНО ЛИЦЕ ОСОМНИЧЕНО ЗА СИЛУВАЊЕ – На 30.12.2020 во 14.30 часот во ОВР Гевгелија, 40-годишен маж од с.Градско пријавил дека на 23/24.12.2020 во Гевгелија Ѓ.Х.(18) од Гевгелија извршил обљуба врз неговата ќерка. За настанот бил известен Јавен обвинител. Ѓ.Х. бил приведен и задржан за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.