ОТИШЛЕ ПО ЛЕБ, ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА Терористички напад во супермаркет во Нов Зеланд, терористот бил инспириран од ИСИС (ВИДЕО)

Премиерката Џесинда Ардерн овој настан го оцени како „терористички напад“, а службата за брза помош соопшти дека шест лица биле пренесени во болница, од кои три се во критична состојба.

581

Полицијата во Нов Зеланд застрела маж откако влегол во супермаркет во Окленд и прободел повеќе луѓе кои си пазареле во супермаркетот.

Премиерката Џесинда Ардерн овој настан го оцени како „терористички напад“, а службата за брза помош соопшти дека шест лица биле пренесени во болница, од кои три се во критична состојба.






Видеата на интернет покажуваат како во паника купувачи бегаат од супермаркет во предградието Ну Лин во Окленд.

– Насилен екстремист презеде терористички напад врз невини Новозеланѓани – рече Ардерн на брифинг, опишувајќи го напаѓачот како државјанин на Шри Ланка, кој пристигнал во Нов Зеланд пред 10 години.

Тој бил убиен една минута од почетокот на нападот, истакна премиерката, додавајќи дека бил инспириран од екстремистичката група Исламска држава.

Поврзани содржини