ОТФРЛЕНИ ЖАЛБИТЕ НА „МЕРЦЕДЕС“ Ферстапен е нов светски првак

„Мерцедес“ протестираше по последниот круг во кој Ферстапен го престигна Луис Хамилтон и го освои тронот.

781

Дирекцијата на трката за Големата награда на Абу Даби по четири часа ги отфрли двете жалби кои ги достави „Мерцедес“, што значи дека Холанѓанецот Макс Ферстапен останува нов првак во Формула 1.

„Мерцедес“ протестираше по последниот круг во кој Ферстапен го престигна Луис Хамилтон и го освои тронот.






Дирекцијата на трката ја отфрли првата жалба на „Мерцедес“ упатена кон директорот Мајкл Маси, кој за неполна минута го смени мислењето и предизвика конфузија на патеката. Маси најпрво соопшти дека Ферстапен ќе остане зад болидите кои заостануваат цел круг, а потоа се премисли и му допушти на Холанѓанецот да се најде зад Хамилтон.

Во втората жалба се потенцираше дека Ферстапен го прекршил протоколот за време на безбедносното возило.

Поврзани содржини