ОТЕЖНАТО ВОЗЕЊЕ ПО АВТОПАТИТЕ Магла ја намалува видливоста и до 40 метри

Во тек е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година.

155

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 40 метри има на патните правци Тетово – Групчин и Кочани – Виница – Македонска Каменица, а видливост од 50 метри до 100 метри на патните правци Битола – Прилеп, Скопје – Кумануво, Скопје – Велес, Велес – Катланово и Кочани – Штип.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.






АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради зголемено ниво на водата на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште во општина Маврово и Ростуше.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Во тек е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година.

 

Поврзани содржини