Отец Пимен: Ќе постиме и нема да јадеме месо или ќе се изедеме меѓусебно?

Ајде со Бога напред еден ден ќе одделиме форма од суштина белким и ќе ја примиме ветената награда јавно. Благословени да се постите, напиша г. Пимен.

1,288

Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите, зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат, напиша митрополитот европски г. Пимен, цитирајќи дел од Евангелието според Матеј, по повод почетокот на Божикниот пост.

„Вистина ви велам, оти тие ја добиле веќе својата награда. А ти, кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое, па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред својот Отец, Кој е во тајност, и твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. (Матеј 6, 16-18)“, напиша г. Пимен на Фејсбук.






Тој потоа додаде:

„И пак прашањето: Ќе постиме и не ќе јадеме месо, ќе си проштеваме едни на други и ќе го љубиме дури и непријателот свој или ќе се изедеме меѓу себе до истребување? Ајде со Бога напред еден ден ќе одделиме форма од суштина белким и ќе ја примиме ветената награда јавно. Благословени да се постите!“, напиша г. Пимен.

Поврзани содржини