НЕГАТИВНИ СЕ НА СМРТОНОСНИОТ ВИРУС МАРБУРГ Пристигнаа тестовите за брачната двојка од Хамбург
Вирусот Марбург предизвикува треска со симптоми како што се грчеви, крваво повраќање и дијареа и стапка на смртност до 88 отсто, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО). Марбург вирусот се пренесува преку изложување на овошни лилјаци, но може да се пренесе и од човек на човек преку телесни течности, крв и преку незаштитен секс.
Две лица во Германија за кои постоеше сомневање дека го имаат смртоносниот вирус Марбург се негативни, соопштија локалните власти.
Полицијата вчера затвори два перона на главната станица во Хамбург, додека екипите за итни случаи во целосна заштитна опрема евакуираа воз од Франкфурт, откако двајца патници, 26-годишен студент по медицина и неговата партнерка контактирале со лекарите бидејќи биле загрижени дека се заразиле со тропски болести во Руанда.
Источноафриканската земја моменно минува низ епидемија на смртоносниот и многу заразен вирус Марбург. Според Министерството за здравство на земјата, до недела имало 26 потврдени случаи, додека осум лица починале од вирусот.
Во соопштението за печатот на Одделот за социјални работи во Хамбург, се наведува дека лице кое работело во болница во Руанда било негативно за вирусот Марбург и дека наодот е потврден со ПЦР тест.
Претходните извештаи сугерираа дека двојката развила симптоми слични на грип во возот. Пожарникарите во Хамбург вчера кренаа паника поради тоа што соопштија дека едно лице повраќа.
Студентот по медицина ќе продолжи да се следи до крајот на периодот на инкубација до 21 ден, се наведува во соопштението. „Во ниту еден момент немаше опасност за сопатниците во возот или авионот“.