ОСВОЕНИ ВРТОГЛАВИ 378 МИЛИОНИ ДЕНАРИ 134 играчи станаа милионери годинава
17 играчи на видеолотариски игри во 2021 се радуваа на сензационалната добивка „Супер милионер џек пот“.
Под слоганот „Играј за забава, Играј одговорно“, Видеолотарија Касинос Австрија израдува многу играчи, кои освоија фантастични добивки. Во текот на 2021 доделивме вкупна сума од 378.556.748 денари за освоени „Милионер“ и „Супер милионер џек пот“ добивки на видеолотариските терминали.
– 134 играчи станаа милионери благодарение на освоената „Милионер џек пот“ добивка. Тие заедно во 2021 освоија 202.277.991 денари. Најголемата „Милионер џек пот“ добивка вредна 1.795.701 беше освоена на 02.02.2021 кај нашиот деловен соработник „Спортлајф“ во Штип – велат од компанијата.
Видеолотарија го збогати своето портфолио на џекпот добивки на видеолотариските терминали годинава, воведувајќи ја најголема добивка досега на овие простори, „Супер милионер џек пот“ во фантастична вредност од 8 до 12 милиони денари.
17 играчи на видеолотариски игри во 2021 се радуваа на сензационалната добивка „Супер милионер џек пот“. Тие заедно освоија 176.278.757 денари. Највисоката вредност на добивката „Супер милионер џек пот“ годинава изнесуваше 11.708.346 на 18.06.2021. Рекордната добивката ја освои играчот на видеолотариските терминали во „Моцарт“ во скопско Козле.
Видеолотарија Касинос Австрија на сите играчи на видеолотариските терминали им посакува среќна 2022 година. Џек пот добивките ќе продолжат да создаваат убави добитни приказни и во Новата година.