ОСВОЕН СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 17,9 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Среќен играч од Гостивар има причина за славење

120

Супер милионер џекпот вреден 17.957.899 денари освои играч на Видеолотарија Касинос Австрија на 22.08.2023, соопшти компанијата.

– Среќен играч од Гостивар има нова причина за славење. На 22.08.2023 го освои најпосакуваниот ВЛТ џекпот на Видеолотарија Касинос Австрија, Супер милионер. Добивката вредна 17 957 899 денари е освоена синоќа на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник, Банана Кик. Видеолотарија му честита на најновиот среќен добитник на Супер милионер џекпот, кој очекуваме да пристигне секој миг во нашите простории – соопштија од Видеолотарија.






Најпосакуваниот ВЛТ џекпот – Супер милионер џекпот има добитна вредност од 14 до 21 милион денари. Оваа година рекордниот износ го освои играч од Струга, вреден 20.577.224 денари, а август се покажа како најсреќен за оваа добивка, затоа што ова е веќе втор добитен износ на Супер милионер овој месец. Само за потсетување, претходно играчот Д.А. од Тетово го освои најпосакуваниот Супер милионер џекпот вреден 20.110.146 денари, на видеолотариските терминали во Тетово на 01.08.2023.

Покрај најпосакуваниот Супер милионер, во игра се и Милионер и Мини Џекпот.

 

 

Поврзани содржини