Овој викенд Опел Мока на “Skopje Coffee Festival” во City Mall, но и со одлична понуда за наредниот период, информира компаанијата.
• Опел Мока – освежување, исто како првото утринско кафе.
• Петок (20.09) / сабота (21.09) – дружење во Скопје Сити Мол.
• Нова понуда – сега е вистински момент за нова Опел Мока.
• Опел – дел од културно-забавниот живот во Македонија.
Опел Мока ќе го „освежи“ скопскиот фестивал на кафето. На 20.09 (петок) и 21.09 (сабота), се дружиме и освежуваме со вкусот и мирисот на најразлично кафе и со погледот кон Opel Mokka.
„Името „Мокка“ за автомобил, е необично. Осмели се да бидеш поинаков/ва. Помалку нормално, повеќе Мока. Модерен и повеќе од смел… Стилски израз на чист прогресивен дизајн. Нова филозофија на германскиот инжинеринг и јасна визија за фасцинантната иднина на Opel. Во внатрешноста ќе откриете хармонија на пропорции, светли на, простор и технологија кои овозможуваат вистинско возбудливо возење.
А, динамичните мотори, го прават овој модел агилен во секој поглед…
Со појавувањето на Опел Мокана овој фестивал, тимот на блицот во Македонија ја најави и својата најнова понуда. Мока со “Elegance” ниво на опременост и 1.2 Turbo 100sk MT6, која е достапна за 245 евра месечно.
Моделот кој се понудува, не е нималку наивно опремен, поседува ѝ:Intelli-LED предни светла; rearview camera пакет (ултрасонични сензори за помош при паркирање, назад; панорамска камера за паркирање 180°); електронска паркинг сопирачка; алуминиумски фелни 17”, Black Diamond. Понудата е креирана во соработка со Шпаркасе Лизинг, отплатата е на 84 месечни рати.
Последната рата изнесува 20% од вредноста на возилото, а секако за сите детали можете да се обратите до овластената дилерска мрежа на Опел, до увозникот „Еуроимпекс“ или да јапосетите opel.mk.
Опел Македонија е дел од културно-забавниот живот во Македонија. Ги покануваме сите заинтересирани за уникатно искуство и кафе-дружба да нè посетат на “rooftop” во Skopje City Mall или во салоните на Опел“, се наведува во соопштението.