ОСВЕТЕНА Е ПРВАТА МАКЕДОНСКА ЦРКВА ВО ХРВАТСКА Поглаварот Стефан му врачи орден на хрватскиот премиер Пленковиќ

Највисокото признание на Македонската православна црква, Орденот на Свети Климент Охридски, за гостопримството и братската поддршка и помош ѝ беше доделено и на Хрватската епископска конференција (HBK), а беше примен од пратеникот на претседателот на ХБК, генералниот секретар монсињор Крунослав Новак.

3,007

Првата македонска православна црква во Хрватска, црквата на света Злата Мегленска беше посветена во саботата во Загреб, а на свеченоста по осветувањето, премиерот Андреј Пленковиќ во име на хрватската Влада го прими највисокото признание на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во знак на благодарност и искрено пријателство, извести хрватската новинска агенција Hina.

Највисокото признание на Македонската православна црква, Орденот на Свети Климент Охридски, за гостопримството и братската поддршка и помош ѝ беше доделено и на Хрватската епископска конференција (HBK), а беше примен од пратеникот на претседателот на ХБК, генералниот секретар монсињор Крунослав Новак.






Наградите им ги врачи поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски Стефан, а на свеченоста во Загреб присуствуваа митрополитот европски Пимен и тетовско-гостиварскиот г. Јосиф.

Делегацијата на македонската држава ја предводеше амбасадорот на Македонија, Милаим Фетаи, кој ѝ се заблагодари на хрватската држава за помошта во изградбата на црквата.

Поврзани содржини