ОСВЕН МАКЕДОНИЈА, УШТЕ 10 ДРЖАВИ СИ ГО СМЕНИЛЕ ИМЕТО Сами сакале, никој не ги натерал

Во 1937 година, Слободната Држава Ирска се преименуваше во Ирска за и дефакто да ги отстрани сите асоцијации со Обединетото Кралство под кое претходно припаѓала. Поради тоа што го сменила името, земјата две години имала жестока војна со Велика Британија.

3,118

Светот брои 195 земји, а дури 11 од нив го смениле своето официјално име. Освен спорови со соседите земјите често го менувале името кога станувале независни од некоја колонија, па го отфрлале колонијалното име или од некоја федерација, како што Слободната Држава Ирска станала само Ирска. Понекогаш се работи само за ребрендирање, па така Република Чешка реши да биде позната под краткото име Чешка.

Менувањето на името, освен што било тешко да се изведе во политиката, било и скапо и некои од овие држави ги чинело милиони долари, пишува ИндиаТајмс. Еве кои се 10-те земји со ново име, освен Македонија.






Персија во Иран

Персија било официјалното име на Иран во западниот свет сè до 1935 година. Тогаш, иранската влада побарала од земјите со кои имала дипломатски односи, Персија да ја нарекуваат „Иран“, што инаку е името на земјата на персиски јазик. Се вели дека предлогот за промената дошол од иранскиот амбасадор во Германија, кој бил под влијание на нацистите.

Република Чешка во краткото име Чешка

Среде распадот на СССР, Чехословачка во 1993 година беше поделена на две републики, Словачка и Чешка. Република Чешка реши да се ребрендира и за свое кратко име да биде позната само како Чешка, на англиски „чехија“. Ова им олеснува на компаниите и на спортските тимови името да го ставаат на нивните производи. Сепак, Чешка не се откажува од долгото име. Таа ќе има две имиња, исто како што Франција е кратко за Француската Република.

Холандија (Holland) во Netherlands, (во превод, ниска земја)

Од јануари 2020 година, регионите на Јужна Холандија и на Северна Холандија се обединиле во Холандија под името Netherlands, во превод ниска земја. Многумина сметаат дека ова беше маркетиншки потег на земјата, а беше сменето името и на фудбалскиот тим.

Слободна Држава Ирска во Ирска

Во 1937 година, Слободната Држава Ирска се преименуваше во Ирска за и дефакто да ги отстрани сите асоцијации со Обединетото Кралство под кое претходно припаѓала. Поради тоа што го сменила името, земјата две години имала жестока војна со Велика Британија.

 

Сиjам во Тајланд

Тајланд е една од ретките земји од Југоисточна Азија која никогаш не била колонизирана од Британците или Французите. Со векови, регионот бил управуван од крал и бил познат како Сијам. Во 1939 година, кралот кој управувал со земјата го сменил името откако таа станала уставна монархија.

На нивниот локален јазик името се изговара „Prathet Thai“, што значи „земја на слободни луѓе“.

Демократска Кампучија во Камбоџа

Камбоџа неколку пати го менуваше своето име. Помеѓу 1953 и 1970 година, земјата се преименуваше во Кралство Камбоџа, а потоа Република Кмер до 1975 година. Под транзицискиот орган на ОН од 1989 до 1993 година, таа стана држава Камбоџа. По обновувањето на монархијата во 1993 година, таа беше преименувана во Кралство Камбоџа.

Бурма во Мјанмар

Првично наречена Бурма, владејачката воена хунта го промени своето име во Мјанмар во 1989 година, една година откако илјадници беа убиени во задушувањето на народниот бунт. Промената беше признаена од Обединетите нации и од земји како Франција и Јапонија, но не и од Соединетите Држави и Велика Британија.

Цејлон во Шри Ланка

Во 1505 година, Португалците го откриле античкиот Цејлон наречен Цеилао. Потоа, во почетокот на 19 век, Британската империја му го сменила името во Цејлон. По независноста, островската влада конечно го сменила името во Шри Ланка. Во 2011 година, сите референци на Цејлон биле отстранети од администрацијата и од компаниите кои го користеле старото име Цејлон.

Свазиленд во Есватини

Во април 2018 година, кралството Свазиленд во Африка се преименуваше во Есватини. Тоа не ги изненади неговите жители бидејќи тие веќе го користеле тоа име. Есватини е всушност превод на името Свазиленд на нивниот локален јазик. Со други зборови, „земја на Свазите“. Промената била направена бидејќи старото име некои го мешале со „свицерланд“, односно името на Швајцарија.

Родезија во Зимбабве

Родезија била колонијалното име на денешно Зимбабве. Помеѓу 1953 и 1963 година, Јужна Родезија била споена со Северна Родезија и Нјасаланд во Федерацијата на Родезија и Нјасаланд. Земјата била меѓународно признаена дури по нејзината независност во април 1980 година како Република Зимбабве, а потоа била преименувана само во Зимбабве.

Поврзани содржини