Освен крв и бубрези, Бислимовски вчера „заработи“ и куп пари (ВИДЕО)
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како група граѓани оставаат куп пари на скалите по кои чекореше Бислимовски.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во вчерашното гостување во дебатната емисија на ТВ Клан, доби бубрези и два литра крв од претставникот на Иницијативниот совет за протестите против поскапувањето на електричната енергија, Кренар Османи.
Но, очигледно, изненадувањата и „подароците“ не престанаа тука.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како група граѓани оставаат куп пари на скалите по кои чекореше Бислимовски.