ОСВЕН БУГАРСКИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ЕПП, ДРУГИТЕ СЕСТРИСКИ ПАРТИИ ГЛАСАЛЕ „ЗА“ ИЗВЕШТАЈОТ Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто СДСМ сака да ја гледа Македонија во неуспех

Од владејачката партија појаснуваат дека Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) на 24 јуни 2025 година го усвои Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од известителот Томас Вајц. Во документот, како резултат на континуираната посветеност и принципиелниот пристап, со широко мнозинство се потврдуваат македонскиот јазик, македонскиот идентитет и европската перспектива на државата.

328

СДСМ лаже дека членовите на нашите сестрински партии од ЕПП денес гласаа против, бидејќи јасно се гледа на фотографијата подолу, дека освен Бугарите, другите гласаа „за“, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако СДСМ преку соопштение до јавноста оцени дека денешното однесување на Европската народна партија (ЕПП), е “директен историски дипломатски пораз за Христијан Мицкоски и за неговата партија.“

„Бугарите, добија поддршка од социјалдемократите, благодарение на СДСМ и на нивните заложби, да гласаат против Македонија. Наместо да ја поддржат борбата на ВМРО-ДПМНЕ за достоинствено претставување на државата во Европа, СДСМ се сити и сака да ја гледа Македонија во неуспех. Зошто СДСМ работи против Македонија? Зошто СДСМ сака да го уништи достоинството на Македонија? Зошто СДСМ 30 години работи спротивно на интересите на граѓаните?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.






Од владејачката партија појаснуваат дека Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) на 24 јуни 2025 година го усвои Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од известителот Томас Вајц. Во документот, како резултат на континуираната посветеност и принципиелниот пристап, со широко мнозинство се потврдуваат македонскиот јазик, македонскиот идентитет и европската перспектива на државата.

„Доколку како општество и политички чинители во изминатите три децении дејствувавме со јасни цели, многу од предизвиците ќе беа поинакви – но барем немаше да бидат поврзани со оспорување на нашето постоење. Ние сме Македонци. Со свој јазик, историја и чувство за припадност. Оваа постапка од страна на Европскиот парламент не е крајна цел, туку охрабрување да продолжиме по патот на реформите, владеењето на правото и институционалната стабилност. Сè тоа со крената глава и со чувство на одговорност“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ претходно реагираше дека предлог-амандманот за воведување на формулацијата „модерен македонски јазик“ не само што доаѓа од редовите на ЕПП, туку е поднесен токму од нејзиниот координатор Михаил Галер, член на германската ЦДУ, партија која ВМРО-ДПМНЕ со години ја нарекува свој стратешки и идеолошки партнер.

„Овој амандман претставува сериозен удар врз позициите на Република Северна Македонија, но и суштинско понижување за ВМРО-ДПМНЕ, која се претставува како ‘бранител’ на македонскиот јазик. Наместо поддршка, од своите европски пријатели добија дипломатска шлаканица што го доведува во прашање влијанието на ВМРО-ДПМНЕ во својата матична групација. Дополнително загрижува што ЕПП најави дека ќе го поднесе истиот амандман и на пленарната седница – што значи дека ова не е изолиран инцидент, туку координиран став во кој ВМРО-ДПМНЕ или учествува или молчи“, се наведува во реакцијата  на СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека во Извештајот на Европскиот парламент има јасен повик за итен напредок во уставните измени и реформите поврзани со ЕУ и загриженост за назадување во борбата против корупцијата и за судската независност.

Еве го списокот како гласале пратениците:

Поврзани содржини