ОСВЕН БУЧАВАТА, ДИСКОТЕКИТЕ НЕМААТ ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Инспекторката утврдила дека „Пулс“ работи под друго име, ама не извршила надзор

Кафулињата поднесуваат барање за елаборат до Општината главно поради влијанието на бучавата, но, досега не добила наложувања за проверка на кабаре-клубови, рече инспекторка за животна средина во Кочани на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“.

2

Инспекторка за животна средина во Општина Кочани во 2022 година утврдила дека дискотеката „Пулс“ работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор во објектот бидејќи станува збор за правен субјект што нема влијание врз животната средина, сведочеше таа на денешното судење за пожарот во дискотеката на 16 март, во кој загинаа 63 луѓе.

Таа појасни дека нејзиниот годишен план за инспекциски надзор за 2022 година го опфаќал кафе-барот „Класик“, при што дознала дека постои и подружница кабаре „Пулс“. При извршениот редовен надзор таа констатирала дека првичниот правен субјект веќе не постои.






– Правниот субјект „Класик ДМ“ ДОО, на кој е одобрен елаборатот за животна средина не работеше, беше нефункционален, односно затворен – рече инспекторката.

На прашање од одбраната дали, кога утврдила дека овие два деловни објекта работат под друго правно лице и под друг назив, се вратила повторно да изврши надзор со оглед на тоа што имала на увид одобрен елаборат за животна средина, инспекторката одговори негативно.

– Тоа се субјекти што немаат влијание врз животната средина, затоа не сум отишла повторно – рече таа.

Инспекторката посочи дека се вршат редовни, вонредни и контролни инспекциски надзори. Врз основа на дејноста и влијанието врз животната средина во годишните планови за работа се определуваат правните субјектите врз кои ќе се изврши надзор, кои потоа се носат на потпис кај градоначалникот. Оваа постапка, додаде, е само административна процедура.

За да изврши вонредни надзори или контрола по лично забележани неправилности при рутински обиколки, инспекторката нагласи дека е потребен налог кој го издава градоначалникот или секретарот на Општината.

– Обично се оди со усно кажување, бидејќи не се констатирани големи прекршувања. Не сум имала големи прекршувања досега – рече инспекторката.

Таа посочи дека кафулињата поднесуваат барање за елаборат до Општината главно поради влијанието на бучавата, но, потврди дека досега не добила наложувања за проверка на кабаре-клубови.

Претходно денеска сведочеа преживеани во трагедијата во Кочани, кои пред рекоа дека пожарот во „Пулс“ настанал од пиротехниката на концертото на ДНК, се раширил за 30 секунди и предизвикал општ хаос и стампедо кон единствениот излез.

АКО ЗАДОЦНЕВМЕ 10-ИНА СЕКУНДИ, НЕМАШЕ ДА СЕ СПАСИМЕ ОД ПОЖАРОТ Сведоците потврдија дека огнот во „Пулс“ се проширил брзо, по што настанало стампедо

Поврзани содржини