ПОКРАЈ ЈАЈЦА, НЕМА НИ МЕСО НИ ШЕЌЕР Британските атлети нема да се хранат во Олимпиското село

Британските олимпијци не се задоволни од понудата во главниот ресторан во Олимпиското село во Париз.

770

Британските спортисти се пожалија на недостиг и неквалитетна храна во Олимпиското село во Париз, изјави првиот човек на британската олимписка асоцијација, Енди Ансон, цитиран од Дејли мејл.

Британските олимпијци не се задоволни од понудата во главниот ресторан во селото.






– Има недостиг на одредени видови храна: јајца, пилешко, одредени јагленхидрати. Исто така, квалитетот е важен бидејќи на спортистите им се служи сирово месо. Тие одлучија дека повеќе би сакале да јадат во нашиот ресторан во Клиши – рече Ансон.

На квантитетот и квалитетот на храната во Олимпиското село претходно е пожалија и натпреварувачи од други земји.

Олимпијадата во Париз свечено ќе биде отворена вечерва и ќе трае до 11 август.

ОЛИМПИЈЦИТЕ ВО ПАРИЗ ГЛАДУВААТ, ИМ ГИ БРОЈАТ И ЈАЈЦАТА Знаевме дека има проблем со климите, ама што е со кокошките?

АЛООО, СТАВАЈТЕ КЛИМИ ВО СОБИТЕ, ДОАЃАМЕ НА ОЛИМПИЈАДА, А НЕ НА ПИКНИК! Ај што нема да има ладење, парижаните наумиле од спортистите да прават вегетаријанци!

Поврзани содржини