18 деца до 9 години досега се заразени со ковид-19

566

Осумнаесет деца до 9 години досега се дијагностицирани со ковид-19 во земјава, соопшти денеска д-р Владимир Микиќ, одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата во Владата.

– Кај сите нив клиничката слика е релативно лесна и не била потребна подолга хоспитализација – рече Микиќ.






Тој нагласи дека секое населено место може да биде потенцијален нов извор и токму затоа се донесине денешните рестриктивни мерки. Тој препорача да се почитуваат мерките за социјално дистанцирање и дека не треба да дозволиме да се рашири премногу брзо заразата.

– При тоа не треба да очекуваме дека веднаш ќе имаме резултат од овие мерки, бидејќи доста луѓе се во инкубација. Со овие мерки се надеваме дека ќе ја држиме заразата под контрола и епидемиолошката крива ќе ја зарамниме колку што е можно подолг период – рече Микиќ.

Поврзани содржини