ОСУММИНА ВЛЕГЛЕ КАЈ КАВАДАРЧАНЕЦ, КРШЕЛЕ ПОКУЌНИНА И ГИ НАПАДНАЛЕ СОПСТВЕНИЦИТЕ Страшен напад во Кавадарци
Извршен службен разговор со О.Ј.(45), 44-годишната Н.Ј., 41-годишната У.Ј., 35-годишната Е.Ј,. А.Ј.(23), К.Ј.(25), Ш.Ј.(40) и С.С.(28), сите од Кавадарци, а ќе им следува соодветна кривична пријава, соопшти полицијата.
Осум лица, од кои 3 жени, синоќа упаднале во куќата на брачна двојка од Кавадарци и ги нападнале. Тие ја искршиле влезната врата, а потоа кршешеле мебел и предмети во домаќинството на жртвите.
„На 18/19.10.2025 година, во периодот од 22.05 до 1.25 часот во ОВР Кавадарци е извршен службен разговор со О.Ј.(45), 44-годишната Н.Ј., 41-годишната У.Ј., 35-годишната Е.Ј,. А.Ј.(23), К.Ј.(25), Ш.Ј.(40) и С.С.(28), сите од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека ја скршиле влезната врата од домот на 40-годишен кавадарчанец, а потоа во домот кршеле покуќнина, предмети за домаќинство и физички ги нападнале него и неговата сопруга. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти полицијата.