ОСУМГОДИШНО ДЕТЕ СО ПОВРЕДИ, ПЕТАРДА МУ ПУКНАЛА ВО РАКА Трагедија во Врапчиште пред Нова година

Полициски службеници излегоа на местото и е констатирано дека се работи за осумгодишник од село Врапчиште, кој се здобил со повредите откако во раката му експлодирала петарда, соопшти Министерството за внатрешни работи.

58

Мирниот ден во гостиварското село Врапчиште завршил со ужас за едно осумгодишно дете. При детска игра, во раката му експлодирала петарда и му предизвикала сериозни повреди.

Детето било итно пренесено во Ургентниот центар во Гостивар, од каде по укажаната прва помош било транспортирано во скопскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“.






„На 29.12.2025 во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив со повреда на рака е донесен малолетник. Полициски службеници излегоа на местото и е констатирано дека се работи за осумгодишник од село Врапчиште, кој се здобил со повредите откако во раката му експлодирала петарда“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и засилени контроли низ повеќе градови против нелегалната трговија со пиротехника.

Полицијата континуирано апелира дека петардите не се играчки.

Поврзани содржини