Осум тони заштитна опрема стаса од Катар
Опрема која се состои од близу петстотини илјади хируршки маски, околу 90 илјади трослојни медицински и хируршки маски, над 70 илјади заштитни маски N95.
Се работи за голема количина, преку осум тони заштитна опрема која се состои од
близу петстотини илјади хируршки маски, околу 90 илјади трослојни медицински и хируршки маски, над 70 илјади заштитни маски N95, рече вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во присуство на Хамад Ал – Махмоод, вршител на должност амбасадор на Катар примајќи ја донацијата од оваа држава на Скопскиот аеродром.
– Покрај маските, пакетот содржи и десетици илјади заштитни очила, заштитни шлемови, заштитни скафандери, заштитни ракавици- истакна Османи при што нагласи дека се работи за опрема која ни е потребна, која сериозно ќе ги зацврсти нашите капацитети особено во здравството и здравствениот систем, кои секако ја претставуваат првата линија на одбрана од коронавирусот.
– Обезбедувајќи ги овие донации од нашите меѓународни пријатели, обезбедуваме и сериозни заштеди во буџетот, што во време на соочување со економските предизвици од пандемијата е исто така многу важно- додаде Османи.
На примопредавањето на донацијата в.д. Амбасадотот на Државата Катар, Хамад Ал Махмоод нагласи дека денешната хуманитарна помош е донесена преку Катарскиот фонд за развој и во насока на поддршка на владата на Македонија во борбата против пандемијата ковид-19, притоа потенцирајќи дека нашата земја секогаш може да смета на помош и поддршка од државата Катар и изрази надеж дека оваа глобална пандемија наскоро ќе заврши.