📽 „ОСУМ ТАМБУРАШИ…“ ВО ЧЕСТ НА ВУЧИЌ Српскиот претседател во Пекинг пречекан со посебни почести

На вечерата кај кинескиот претседател Кси Џинпинг во чест на српскиот претседател Александар Вучиќ, оркестарот ја свири песната „Осум тамбураши од Петроварадин“.

1,266

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Пекинг се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг. На српскиот претседател на вечерата кај кинескиот претседател Кси Џинпинг му беше приреден посебен пречек, а оркестарот  во негоа чест ја свиреше познатата српска песна „Осум тамбураши од Петроварадин“.







– Многу сум среќен, почестен и привилегиран што имам можност денеска да бидам во Пекинг. Министрите од Владата на Србија се со мене, што говори за почит и самата можност да бидам таму. Напредуваме во сите области во кои соработуваме. Иницијативата „Појас и пат“ донесе многу добро за нашата земја. Горд сум на нашето пријателство и на резултатите што ги постигнавме. Договорот за слободна трговија што го потпишуваме денеска отвора нови перспективи во односите меѓу нашите земји. Ви благодариме, претседателе Си, за вашиот личен ангажман во зајакнувањето на врските меѓу нашите земји и народи – објави Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Поврзани содржини