Ракометниот клуб „Пролет“ соопшти за нови случаи на ковид-19 во играчкиот кадар. Позитивниот тест на Петар Ангелов, кој се наоѓа во самоизолација и е со благи симптоми, беше причина за тестирање на сите ракометари и членови на стручниот штаб на нашиот клуб.
– Резултатите се разочарувачки. И покрај настојувањето за максимално почитување на мерките, дури осум членови на „Пролет“ од тестираните се позитивни и веќе се ставени во самоизолација – соопштија од клубот.
Тимот на „Пролет“ не е во тренажен процес уште од позитивниот тест на Ангелов и сите ракометари ќе останат во изолација за да се заштитат од дополнително ширење на коронавирусот.