Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во Скопје 87, Куманово 7, Дебар 2, Штип-10, Прилеп 3, Тетово 16, Струга 8, Охрид 1, Кавадарци 1, Демир Хисар 1, Гостивар-8 Струмица 1, Кратво1, Свети Николе 9, Кичево 3, Ресен 5.
Починати се 8 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 59 години.
На Клиника за токсикологија е почината пациентка на 79 години, кај која присуството на вирусот е потврдено постмортем.
Во ГОБ „8 Септември“ починати се четворица пациенти на возраст 58, 61,62 и 66 години. Во ГОБ Тетово почина пациент на 53 години. Во Филип Втори (Жан Митрев) е починат пациент од Дебар на 52 години.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, едно дете е позитивно и едно суспектно на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 97 пациенти.
На респираторна машина се 3 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 106 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.