ОСУМ МОМЧИЊА ОД СКОПЈЕ СЕ ИСТЕПАЛЕ ВО МАВРОВО Сите се приведени

Две групи момчиња на возраст од 19 до 25 години физички се пресметале во текот на новогодишната ноќ.

3,788

Осум момчиња од Скопје учествувале во физичка пресметка за време на новогодишната ноќ во Mаврово, по што полицијата ги привела.

Околу 04.30 часот ноќеска во Маврово, полициски службеници од Полициското одделение Маврово ги привеле С.М.(19), А.М.(19), Ф.С.(22), П.М.(20), Х.П.(25), А.В.(25), А.Г.(25) и М.И.(24), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка“, објави МВР.






По целосно документирање на случајот, за учесниците во пресметката ќе следи соодветен поднесок, информира полицијата.

Поврзани содржини