Осум автобуси до Струмица ќе ги превезат патниците од Берлин
На скопскиот аеродром се очекуваат да пристигнат патниците од Берлин со летот во 17 часот.
Подготвени се осум автобуси со кои ќе се превезуваат наши граѓани до објектите за задолжителен државен карантин, соопшти Владата на својата Фејсбук-страница и објави фотографии.
На скопскиот аеродром се очекуваат да пристигнат патниците од Берлин со летот во 17 часот.
– Со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, обезбедуваме транспорт до хотелот ‘Цар Самуил’ во Струмица, каде граѓаните ќе бидат во следните 14 дена во задолжителен државен карантин. Им благодариме на сите колеги по институциите кои деноноќно и посветено работат на безбедно враќање на нашите граѓани дома. На нашите сограѓани во карантин им посакуваме здравје и што полесно да го поминат карантинот, а до сите останати сограѓани апелираме да ги следат мерките за заштита и да останат во своите домови – велат од Владата.