ОСУЕТЕН Е ПЛАНОТ СДСМ-ДУИ-ГРУЕВСКИ Митева информира дека ЦК на ВМРО-ДПМНЕ застанал зад Мицкоски

Митева рече дека Централниот комитет ги поддржа своите 44 пратеници коишто остануваат на ставот дека бугарски промени, односно промени на уставот под бугарски диктат, нема да се случат.

1,113

Паднаа во вода валканите договори помеѓу оската ДУИ-СДСМ и поранешни функционери од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а за жал и на господинот Груевски, коишто се ставаат на располагање сè со цел да се обезбедат оние пратеници коишто на нив би им ја завршиле работата којашто ја ветуваат во јавноста – истакна Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол во своето гостување на телевизија Алфа.

Митева информираше дека на вчерашниот состанок на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се разговарало за актуелната политичка, економска состојба во Македонија.






– Дополнително ВМРО-ДПМНЕ и централниот комитет ги реафирмираа ставовите коишто како политичка партија изминатите денови ги презентиравме пред јавноста, а коишто се однесуваат на осуетување на планот којшто го има власта во моментот, а тоа е оската ДУИ-СДСМ и за жал, поранешни функционери од опозицијата, коишто им се ставиле на располагање на власта, сè со цел да се внесе раздор во македонскиот народ, во опозицијата и обид да се направи промена на ставот на ВМРО-ДПМНЕ, односно на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за неизгласување на уставни измени под бугарски диктат – истакна Митева.

Митева дополни дека Централниот комитет ги поддржа и своите 44 пратеници коишто остануваат на ставот дека бугарски промени односно промени на уставот под бугарски диктат нема да се случат.

– Дополнително морам да потенцирам дека централниот комитет даде максимална поддршка на сите 44 пратеници од пратеничката групата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата коишто остануваат на ставот дека бугарски промени односно промени на уставот под бугарски диктат нема да се случат – рече Митева.

Во текот на своето гостување Митева порача дека значајно е тоа што паднаа тезите на СДС дека со ВМРО-ДПМНЕ раководи некој друг, кои доста долго време го пишуваа во своите соопштенија, прес конференции и слично.

– Она кое е значајно е дека паднаа тезите на СДС кои континуирано ги пласираа во јавноста дека практично со ВМРО-ДПМНЕ раководи некој друг и тоа ако направите една анализа во нивните соопштенија ќе видите дека можеби во 80% беше една теза којашто континуирано ја пласираа – заклучи Митева.

Таа порача дека на Македонија и на Македонците им е доста од порази, доста им е од договори коишто одат на штета на македонскиот народ и од прифаќање услови кои се штетни за македонските национални интереси.

Поврзани содржини