Осуди и шок во Европа по злосторничкиот напад во Виена

241

Европа остро го осудува овој кукавички чин, злосторство врз животот и човечките вредности, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Веднаш по вечерашниот терористички напад во Виена, Мишел од својот профил на Твитер испрати сочувство до жртвите и граѓаните на Виена.






Ние сме со Австрија, порача Мишел.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел вели дека е шокиран и погоден од веста за вечерашниот напад во Виена и им порача на своите граѓани на Виена дека Европската унија е покрај нив.

– Ова е кукавички чин на насилство и омраза – напиша Бореj на Твитер.

Тој изрази сочувство до жртвите во нападот, нивните семејства и сите граѓани на Виена.

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва објави дека „Французите ја делат тагата на Австријците по терористичкиот напад во Виена“, најавувајќи „борба против непријателите на Европа“.

– Ние, Французите, го делиме шокот и тагата на Австријците по нападот во Виена. По Франција, пријателска земја е нападната. Ова е нашата Европа. Нашите непријатели мора да знаат со што си имаат работа. Ние нема да попуштиме пред ништо – напиша Макрон на Твитер. 

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вели дека е „шокирана и тажна од бруталниот напад што се случи вечерва во Виена“.

– Европа стои во целосна солидарност со Австрија. Заедно сме посилни од омразата и теророт – напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Таа испрати сочувство до семејствата на жртвите и до австрискиот народ.

 

 

Поврзани содржини