Осуденикот за смртта на четиригодишниот Алмир влезе во затвор

599

Бобан Илиќ кој е осуден за смртта на четиригодишниот Алмир од Куманово, се јавил на издржување на затворската казна во затворот Кшање, јави ТВ21.

Првообвинетиот Бобан Илиќ, прво беше обвинет за убиство, а потоа делото беше преквалификувано во тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.






Судскиот процес беше по постојани тензии, а беа организирани и протести пред судот во Куманово и во Скопје.

Поради преквалификацијата на делото, оставка поднесе министерот за правда Билен Саљији.

Поврзани содржини