📽️ ОСУДЕН ВОЗАЧОТ КОЈ ВЛЕТА ВО НАВИВАЧИТЕ НА ЛИВЕРПУЛ ВО МАЈ Британските медиуми пишуваат за херојот кој го сопрел кошмарот
„Скај њуз“ пишува за минатото на маринецот Пол Дојл кој влета во толпата и проценките на полицијата дека се работи за „напад од чиста омраза“. Медиумот открива и дека брзата реакција на едно лице, поранешен војник, можеби спречила нападот да се претвори во уште покрвава сцена.
Осуден е возачот Пол Дојл, кој во мај оваа година влета во толпата навивачи на фудбалскиот клуб Ливерпул кои ја славеа титулата во Премиер лигата. Дојл доби 21 година и шест месеци затвор, пишува Скај Њуз потсетувајќи на настанот во кој за неколку минути беа повредени 134 лица, меѓу кои и две бебиња. „Скај њуз“ открива и дека брзата реакција на едно лице, поранешен војник, можеби спречила нападот да се претвори во уште покрвава сцена.
Тела летале лево и десно, колички се превртувале при страшниот напад. „Скај Њуз“ пишува дека Дојл е поранешен маринец со досие на насилник.
Снимките од неговата камера го прикажуваат ужасот. Дојл вика и свири на сирената на својот „Форд Галакси“, додека толпата се обидува да се спаси.
– Преместете се, бре! – урлал поранешниот маринец.
Судот потврди дека тој свесно возел кон луѓето, во „необјаснив и недопрен бес“.
On Monday 26 May, thousands of people lined the streets to celebrate the @LFC parade.
What should have been a day of celebration for the city turned into a day of fear and anguish after Paul Doyle drove his car into a crowd, injuring more than 100 people.
It is only by sheer… pic.twitter.com/hNooQRrhGT
— Merseyside Police (@MerseyPolice) December 16, 2025
Херојот што го сопрел кошмарот
Поранешниот војник Дан Бар скокнал во автомобилот во миг кога Доjл застанал за момент.
– Тоа беше очај и решеност да го сопрам по секоја цена – изјавил Бар.
Со маневар на менувачот го ставил возилото во „паркинг“ и така го запрел.
– Да не беше тој, бројката на жртви ќе беше многу поголема – изјавиле од полицијата.
Бар денес признава дека не е истиот човек.
– Не сум се опоравил, но полека одам напред – изјавил низ солзи.
Напад од чиста омраза?
Полицијата во Ливерпул не открила мотив за упадот во толпата. Доjл рекол дека некој со нож му ја отворил вратата на возилото, но 1.500 сведоци потврдиле дека тоа не било точно. Снимките покажале дека тој веќе претходно возел агресивно и дека поминал на црвено.
Во деведесеттите Дојл бил осуден за тепачка во паб, дури и му одгризал дел од уво на човек. Бил иззбркан од морнарицата, а подоцна се поврзал со навивачи на Евертон. Но, полицијата не најде врска меѓу врските со Евертон и нападот.
– Неговото однесување беше чиста омраза, не рационална реакција. Чудо беше што никој не загина – рекол детективот Џон Фицџералд.
Кога бил уапсен, Дојл само рекол:
– Му го уништив животот на моето семејство.
Но, Дојл никогаш не се извинил на жртвите.
„Сите викаа – убиј го“
Сведоците велат дека првите крици биле „терорист, терорист“. Една жена, Деби Блер, го барала својот син низ толпата:
– Сите викаа ‘убиј го’, луѓето беа во шок.
Нејзиниот син Мајк останал со трајни повреди.