ОСУДА ЗА ГРОЗОМОРНИОТ РУСКИ НАПАД НА ЧЕРНИХИВ ОН ја повика Москва да прекине со нападите врз населените области
Нападите насочени против цивили или цивилни објекти се строго забранети според меѓународното хуманитарно право. Тоа мора да престане – повика хуманитарната координаторка на ОН за Украина, Дениз Браун.
Обединетите нации го осудија денешниот руски ракетен напад врз центарот на градот Чернихив, во кој загинаа најмалку седум луѓе и ранети се над 100. Хуманитарната координаторка на ОН за Украина, Дениз Браун, го оквалификува нападот како „грозоморен“ и ја повикува јМосква да ги прекине нападите врз „населените области“.
Во нападот рано утрово беше погоден драмскиот театар на централниот плоштад во Чернихив.
– Грозоморно е да се напаѓа главниот плоштад на голем град, наутро, додека луѓето се шетаат, некои одат во црква за да го прослават верскиот ден за многу Украинци – рече Браун.
Координаторката на ОН мислеше на православниот празник Преображение Господово што го рпославуваат денеска православните христијани и мнпгумина од жителите на Чернихив присуствуваа на црковните служби утрово кога Русиет го ракетираа централниот плоштад.
– Ја осудувам оваа повторена шема на руски напади врз населените области во Украина, што предизвикуваат смртни случаи, масовно уништување и зголемени хуманитарни потреби. Нападите насочени против цивили или цивилни објекти се строго забранети според меѓународното хуманитарно право. Тоа мора да престане – повика хуманитарната координаторка на ОН.