ОСТВАРУВАЊЕТО НА ДОГОВОРЕНОТО СО БУГАРИЈА Е УСЛОВ СПОРЕД КОЈ ЌЕ СЕ МЕРИ НАПРЕДОКОТ НА МАКЕДОНИЈА КОН ЕУ Позицијата на Софија е јасна и непроменета, Бујар Османи манипулира на ученичката табла!

На прашање на Плусинфо за толкувањето на македонскиот министер за надворешни работи на Преговарачката рамка, што го нацрта и на табла, бугарското Министерство за надворешни работи испрати одговор со кој ја реафирмира својата позиција од 16 јули. За Софија нема дилеми дека договореното меѓу двете држави е и критериум и услов во процесот на преговорите меѓу Македонија и ЕУ.

1,419

Преговарачката рамка експлицитно ги утврдува принципите што ќе ги дефинираат преговорите за членство. Во точката 5 се нагласува дека напредокот на земјата апликант ќе се мери според јасно дефинирани услови, меѓу кои се критериумите од Копенхаген, Процесот за стабилизација и асоцијација и посветеноста на Северна Македонија за добрососедски односи и поблиска регионална соработка, вклучително и преку постигнување на опипливи резултати и совесно спроведување на билатералните договори, вклучително и Договорот за добрососедски односи со Република Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерки за негово ефикасно спроведување согласно чл. 12 од овој договор.

Во одговор на прашање на порталот Плусинфо, Министерството за надворешни работи на Република Бугарија ја реафирмира позицијата соопштена на 16 јули, во која, меѓу другото, се предупредува  дека Софија очекува „совесно исполнување на сите преземени обврски, а не обиди да се толкува дали процесот на европска интеграција бара нивно исполнување“.






Плусинфо вчера (8 август) до Министерство за надворешни работи на Република Бугарија го постави следното прашање:

„Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, г-дин Бујар Османи, во последните неколку дена повеќе пати јавно изјави дека Договорот за добрососедство меѓу двете земји и двата протокола поврзани со овој договор не се дел од поглавјата на Преговарачката рамка за преговорите меѓу Северна Македонија и Европската Унија, дека тие се во нејзиниот општ дел и дека Европската комисија нема да гласа за исполнување на обврските кои произлегуваат од овие документи и дека нема да бидат презентирани писмени извештаи.

Министерот Османи ја убедува македонската јавност дека по усвојувањето на уставните измени, Република Бугарија нема формални можности да ги блокира преговорите со Северна Македонија врз основа на оценката дека не се исполнуваат обврските преземени со Договорот за добрососедство.

Би сакале да го пренесеме ставот на бугарското Министерство за надворешни работи по ова прашање“.

Од бугарското МНР утрово (9 август) го добивме следниот одговор:

„Во врска со вашето барање, сакаме да ве информираме дека официјалниот став на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија е објавен на 16 јули 2023 година на официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи“.

Под наслов „Позиција на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија“, на веб-страницата на оваа институција е објавен текст со следната содржина:

„Во врска со многуте прашања од медиумите во врска со природата на европскиот компромис постигнат во 2022 година за европскиот пат на Република Северна Македонија, Република Бугарија сака да потсети на следново:

Основен принцип на меѓународното право е Pacta sunt servanda. Договорите мора да се спроведуваат, без разлика дали се мултилатерални или билатерални. Неспроведувањето на потпишаните договори ја поткопува довербата, конзистентноста и предвидливоста во односите меѓу државите и предизвикува контрамерки. Од нашите пријатели во Северна Македонија секогаш очекувавме совесно исполнување на сите преземени обврски, а не обиди да се толкува дали процесот на европска интеграција бара нивно исполнување.

Патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ има јасно дефинирани параметри. Неодговорно и контрапродуктивно е да се нарушува тешката и деликатна рамнотежа со несоодветни и тенденциозни толкувања кои отстапуваат од критериумите јасно утврдени од Советот на ЕУ за оваа работа. Посебно опасни се обидите манипулативно да се претстават веќе договорените и опишани во компромисот од 2022 година како некои нови барања на Република Бугарија.

Преговарачката рамка, која според одлуката на Советот на ЕУ ќе ѝ биде предадена на Северна Македонија по завршувањето на фазата на отворање на преговорите, експлицитно ги утврдува принципите што ќе ги дефинираат преговорите за членство. Во точката 5 се нагласува дека напредокот на земјата апликант ќе се мери според јасно дефинирани услови, меѓу кои се критериумите од Копенхаген, Процесот за стабилизација и асоцијација и ‘… Посветеноста на Северна Македонија за добрососедски односи и поблиска регионална соработка, вклучително и преку постигнување на опипливи резултати и совесно спроведување на билатералните договори, вклучително и […] Договорот за добрососедски односи со Република Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерки за негово ефикасно спроведување согласно чл. 12 од овој договор’.

Бугарија нема нови услови кон Северна Македонија. Напротив, таа искрено сака да го види својот сосед како напредува кон полноправно членство, преку успеси во реформскиот процес и напорите за градење добрососедски односи. Го очекуваме првиот чекор во овој процес, согласно обврските потпишани од Скопје во јули 2022 година – ‘… стапување во сила на измените на Уставот на Северна Македонија за оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на оваа земја и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, според внатрешните процедури, вклучително и преку уставен закон за нивно спроведување’“.

Во наведениот текст позицијата на бугарското МНР е јасно соопштена. Во неа прецизно се наведени следните ставови:

  • Постигнување опипливи резултати и совесно спроведување на Договорот за добрососедски односи со Република Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерки за негово ефикасно спроведување согласно чл. 12 од овој Договор, е „јасно дефиниран услов“ (еден од повеќето) според кој ќе се мери „напредокот на земјата апликант“ (Македонија);
  • Софија јасно нагласува дека „неспроведувањето на потпишаните договори ја поткопува довербата, конзистентноста и предвидливоста во односите меѓу државите и предизвикува контрамерки“.
  • Софија предупредува: „Неодговорно и контрапродуктивно е да се нарушува тешката и деликатна рамнотежа со несоодветни и тенденциозни толкувања кои отстапуваат од критериумите јасно утврдени од Советот на ЕУ за оваа работа“.
  • Софија како „посебно неодговорни“ ги смета „обидите манипулативно да се претстават веќе договорените и опишани во компромисот од 2022 година како некои нови барања на Република Бугарија“.

По одговорот на Софија, јасно и недвосмислено може да се заклучи дека тоа што министерот Османи го црташе на табла, објаснувајќи дека за остварувањето на преземените обврски од билатералниот договор со Бугарија и за два протокола немало да се гласа и немало да има писмени извештаи, е манипулативно толкување на членот 5 од Преговарачката рамка.

Османи сега на својата ученичка табла треба да напише: „Договореното со Бугарија е услов според кој ќе се мери напредокот на Македонија кон ЕУ“. Тоа е вистината.

Поврзани содржини