Острови кои се разделени само 4 километри и 21 час (ФОТО+ВИДЕО)

Големиот остров Диомид, познат и како Ратманов, е на руска територија, а малиот остров Крузенштерн е во американските води.

1,139

Диомидските острови се оддалечени само 4 км, но стојат од двете страни на меридијанот што ја одредува меѓународната промена на датумот.

Ова значи дека поголемиот од двата острови е скоро еден ден пред својот сосед. Покрај тоа, Диомидските острови, лоцирани во центарот на Беринговиот теснец меѓу Чукотка и Алјаска, се одделени со демаркационата линија што ја дефинира границата меѓу Русија и Соединетите држави.






фото: Принтскрин

Големиот остров Диомид, познат и како Ратманов, е на руска територија, а малиот остров Крузенштерн е во американските води.

Рускиот остров е дел од автономниот регион Чукотка и го носи името на поморскиот офицер Макар Ратманов. Русија во моментов ја има најисточната гранична точка на островот.

На Крузенштерн се наоѓа една од најзападните населби во САД – ескимското село Диомид. Старо е околу 3.000 години и има 135 локални Ескими.

Растојанието помеѓу двата острови е 3.750 метри, но меѓу нив поминува меѓународната линија за промена на датумот. Поради оваа причина, Големиот диомид е 21 час пред Малиот диомид (20 часа во текот на летото). Поради оваа одлика, локалното население на шега ги нарекува островот Утре и островот Вчера.

Во зима, се формира ледена површина меѓу двата острови и практично е можно (иако нелегално) да се оди од едниот до другиот. На овој начин, може да се направи виртуелно „патување“ низ времето.

Диомидските острови ги открил данскиот патник во руска служба, Витус Беринг во 1728-ма година.

Поврзани содржини