ОСТРАТА САТИРА КОН НАТАЊАХУ МУ ДОНЕСЕ ОТКАЗ Гардијан го отпушти својот карикатурист по 40 години работа
На карикатурата се гледа како Нетанјаху носи боксерски ракавици и држи скалпел над својот гол стомак додека прави засек во форма на Газа, притоа велејќи: „Жители на Газа, излезете веднаш!“.
Британскиот весник „Гардијан“ го отпушти својот карикатурист Стив Бел по повеќе од 40 години работа поради карикатура на Бенјамин Нетанјаху.
Бел изјавил дека весникот „Гардијан“ го отпуштил поради карикатура за која е оценета дека е „антисемитска“, пренесува Н1.
„Ми беше кажано дека повеќе не се подготвени да објавуваат мои карикатури“ – изјави Бел за британските медиуми.
На карикатурата се гледа како Нетанјаху носи боксерски ракавици и држи скалпел над својот гол стомак додека прави засек во форма на Газа, притоа велејќи: „Жители на Газа, излезете веднаш“.