ОСТИН ВО РАМШТАЈН НАЈАВИ УШТЕ 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА „Војната против руската инвазија е важна за сите нас“

Пентагон се залага помошта да ја достави на Украина пред крајот на месецот, рече денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на состанокот на Контакт групата за Украина што се одржува во воздухопловната база Рамштајн во Германија.

186

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска најави дека САД ќе испратат уште 500 милиони долари воена помош за Украина.

– Денеска објавувам нов пакет помош од 500 милиони долари за Украина. Пакетот вклучува ракети за борбени авиони, опрема за одржување на Ф-16, оклопни системи и мало оружје и муниција – рече Остин, отворајќи го состанокот на Контакт групата за Украина во воздухопловната база Рамштајн во Германија, пренесуваат американските медиуми.






Оружјето се финансира преку претседателските овластувања за повлекување пари од буџетот, што значи дека може да се повлечат директно од американските залихи.

– Пентагон се залага помошта да ја достави на Украина пред крајот на месецот. Војната на Украина против руската инвазија е важна за сите нас. Сите ние имаме одговорност да обезбедиме автократите да не можат да ги стават своите империјални амбиции пред основните права на слободните и суверени народи – рече Остин.

На средбата учествуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров.

Поврзани содржини