ОСТАВКАТА НА ЗАЕВ СТАНА БАНАЛНА КАКО ОНАА НА ФИЛИПЧЕ Реакција на Џевдет Хајредини

Опозицијата реагираше дека Заев е измамник и губитник, наместо да бара аплауз треба веднаш да поднесе оставка.

1,609

Не престануваат реакциите по вчерашната одлука на социјалдемократите за одложување на оставката на лидерот и премиер Зоран Заев. Реагираат и граѓани на социјалните мрежи, а и поранешни функционери.

– Не е неочекувано што оставката на Зоран Заев стана банална како и онаа на Венко Филипче за тетовската болница – пишува поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини на Фејсбук.






Откако ја најави оставката Заев се повлече од јавноста и по десетина дена ја одложи на неодредено време.

Венко Филипче, пак, за трагедијата во тетовската болница поднесе задоцнета оставка под протисок на јавноста, а Заев рече дека ќе ја прифати само ако истрагата покаже директна вина на министерот.

Опозицијата реагираше дека Заев е измамник и губитник, наместо да бара аплауз треба веднаш да поднесе оставка.

– Лажгото Зоран Заев, повторно не си достои на зборот- 9 дена по најавената фејсбук оставка, пропадна во земја, за да го храбрат неговите неколкумина соработници во криминал – реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини