ОСТАВКАТА НА ЗАЕВ И ИЗБОРНИОТ ДЕБАКЛ НА МЕГДАН ВО СДСМ Во жижа е и енергетската криза

Oставката на премиерот Зоран Заев е демократски чин и „мораме да се навикнеме на такви нешта“, изјави Битиќи.

1,168

Најавената оставка на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, анализа на изборните резултати и последните случувања на политичката сцена по поднесената иницијатива за доверба на Владата, се очекува да бидат теми на вечерашните состаноци на највисоките тела на партијата.

Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи пред вечерашниот состанок вели, пак, дека треба да се разговара за енергетската и за економската криза како и за собраниската седница за доверба на владата.






– Треба да се спремиме за четврток. Пред нас се големи предизвици за кои сметам дека денеска ќе расправаме и ќе видиме кое е најдоброто решение – изјавил Битиќи.

Тој смета дека оставката на премиерот Зоран Заев е демократски чин и „мораме да се навикнеме на такви нешта“.

 

 

– Не значи дека премиерот не ни треба. Заев во моментов е потребен за општеството и владеењето во државата. Не знам дали денес ќе расправаме за неговата оставка. Тема на разговор треба да ни биде енергетската и економската криза, пандемијата и севкупниот предизвик на државата. Не бегаме од одговорност – потенцира Битиќи пред седиштето на СДСМ на „Бихаќка“.

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи пред состанокот, посочи дека ќе се разговара за сите аспекти кои што се во делот на актуелната политичка ситуација.

На новинарско прашање дали смета дека премиерот Заев треба да поднесе оставка, Спасовски истакна дека тоа ќе го каже на Централниот одбор.

Поврзани содржини