ОСТАВКАТА НА ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРИФАТИ Ивановска лично не верува дека министерот вмешал прсти во трагедијата

Според претседателката на Антикорупциска, се прави збрка во јавноста помеѓу оставка од морална причина и професионална одговорност и можеби затоа таа оставка ни се чини како задоцнета.

1,064

Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, смета дека оставката на министерот за здравство Венко Филипче треба да биде прифатена од премиерот Зоран Заев по трагедијата со модуларната болница во Тетово.

– И се добро човек да направи со ваква дамка му се става лош белег. Лично не верувам дека вмешал прсти во трагедија, но ваквите зборувања оставаат лош белег на целокупната работа. На него му беше ставен врз плеќи речиси се во изминатиот систем – изјави Ивановска во емисијата „Утрински брифинг“.






Според претседателката на Антикорупциска, се прави збрка во јавноста помеѓу оставка од морална причина и професионална одговорност и можеби затоа таа оставка ни се чини како задоцнета.

 

Поврзани содржини