ОСТАВКА НА ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА Елфете Исмаили го следи Арбен Таравари и се повлекува од власта

Мојата оставка е резултат на длабока лична и професионална проценка, верувајќи дека ова е неопходен чекор и во согласност со моите убедувања, објави Исмаили на Фејсбук.

945

Заменик министерката за одбрана Елфете Исмаили поднесе оставка од функцијата. Таа е кадар на Алијансата на Албанците и го следи претседателот на партијата Арбен Таравари, кој се повлече од власта и од функцијата министер за здравство.

„Денес поднесов неотповиклива оставка од функцијата заменик-министер за одбрана. Додека ја извршував оваа функција се водев од институционална посветеност, транспарентност и од одговорност кон граѓаните и кон државниот интерес. Мојата оставка е резултат на длабока лична и професионална проценка, верувајќи дека ова е неопходен чекор и во согласност со моите убедувања“, објави Исмаили на Фејсбук.






Би сакала да ја изразам мојата благодарност до г-динот премиер Христијан Мицкоски за довербата и можноста да бидам дел од тим кој носеше важна одговорност во чувствителен период за заштитата и безбедноста на земјата, додава Исмаили.

„Исто така, посебна благодарност му упатувам на претседателот на Алијансата за Албанците, г-дин Арбен Таравари, за поддршката и довербата што ми ја даде достојно да ја претставувам нашата партија и општество на оваа висока функција. Поддршката на институциите и придонесот кон јавниот интерес секогаш ќе останат мој приоритет, без оглед на позициите што ги држам“, се вели во оставката на Исмаили.

Поврзани содржини