ОСТАВКА ИЛИ РАЗРЕШУВАЊЕ – АРСОВСКА ИМ ПРАТИЛА ПОНУДА НА ДИРЕКТОРИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ Водовод експресно доби нов директор

Градот има и нов секретар откако Арсовска вчера го смени Ѓоко Велковски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, оти, како што рече, и тој бил вмешан во „местењето на тендерот за изградба на пречистителна станица за отпадни води“. Нов секретар е Зоран Глигоров кој изминативе три-четири месеци ѝ беше шеф на кабинет на Арсовска.

675

Директорите на јавните претпријатија од ВМРО-ДПМНЕ добиле понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени, соопшти денеска преку Фејсбук градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

„Поради несоодветно работење, неиспорачување резултати и непочитување на насоките на Градот Скопје, директорите добија понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени. Градот Скопје е град на сите скопјани, затоа сите носители на овие одговорни раководни функции во Градот се должни да даваат отчет пред граѓаните, а не пред партиските лидери. Скопје мора да биде модерен град, град за сите скопјани, напиша Арсовска на Фејсбук.






Арсовска денеска експресно го назначи Марјан Митовски за в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ откако вчера го разреши досегашниот директор Златко Перински.

Градот има и нов секретар откако Арсовска вчера го смени Ѓоко Велковски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, оти, како што рече, и тој бил вмешан во местењето на тендерот за изградба на пречистителна станица за отпадни води. Нов секретар е Зоран Глигоров кој изминативе три-четири месеци ѝ беше шеф на кабинет на Арсовска.

Поради незадоволство од работата на Градот Скопје и отежната соработка денеска оставки поднесоа директорот на Дрисла Јане Мицевски и директорот на Градски паркинг Бојан Христовски.

Поврзани содржини