📽️ ОСТАВКА И СОЛЗИ ВО СРЦЕТО НА ЕВРОПА Белгискиот премиер заминува со катастрофален пораз
Националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА) победи на денешните избори за членови на Претставничкиот дом на белгискиот Федерален парламент со освоени 18,9 проценти од гласовите, покажуваат резулатите од преброени речиси 90 отсто од избирачките места.
„За нас беше особено тешка вечер, загубивме. Од утре ќе бидам премиер во оставка. Но, либералите се силни, ќе се вратиме“.
Ова вечерва, со солзи во очите и видно трогнат, го соопшти премиерот на Белгија Александар Де Кро, кој беше дочекан со аплуаз и поздравен од активистите и симпатизерите на неговата либерална партија Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) која освои само 5,9 отсто на денешните избори во Европскиот парламент.
Тој одржа исклучително краток говор по овој катастрофален пораз на кој само ја најави оставката.
Les électeurs de l’@0penvld tirent la prise: les larmes de @alexanderdecroo (image @RTBFinfo) (vidéo) #Elections2024 pic.twitter.com/8ubJDCB6a5
— michel henrion (@michelhenrion) June 9, 2024
Националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА) победи на денешните избори за членови на Претставничкиот дом на белгискиот Федерален парламент со освоени 18,9 проценти од гласовите, покажуваат резулатите од преброени речиси 90 отсто од избирачките места.
На второ место е ултра националистичката и десно популистичка партија Фламански избор (ВБ) со 15,5 отсто, на третото место е левичарската Работничката партија на Белгија (ПВДА/ПТБ) со 9,4 проценти, пред фламанската социјалдемократска партија Напред (Воројт) со 9,1 и Христијанските демократи и Фламанци (ЦДВ) со девет отсто од гласовите.